Полициски и контролни камери, како и снимки од внатрешноста на болницата, протекоа во јавноста со досега необјавени моменти околу пукањето за време на снимањето вестерн филмот Rust во кој продуцентот Алек Болдвин несреќно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс со реквизит пиштол што го држеше за време на проба.
Полицијата во Ново Мексико ги објави сите досиеја поврзани со кривична истрага за нејзината смрт, вклучувајќи снимки од камери, од детективи, од извештаи за инциденти, фотографии од местото на злосторството и искази од сведоци.
На една од нив се гледа како полиција, медицински лица, но и оние кои беа на местото на настанот се тркаат со време, во обид да и укажат помош на Хачинс. Друга, пак, покажува како холивудската ѕвезда Алек Болдвин вежба како го влече пиштолот што на крајот ја уби.
Хачинс, за жал, почина по истрел од реквизит пиштол што го држеше Болдвин за време на пробите во октомври 2021 година.
Актерот беше еден од продуцентите на Rust, како и неговата ѕвезда. Со Хачинс зад камерата, која ја подготвуваше нејзината последна сцена, новата снимка го прикажува Болдвин како седи во црква, облечен во костим во вестерн период и го држи револверот кој ја усмрти кинематографката и го повреди Џоел Соуза, режисер на филмот.