НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Листерија или кога професионалците клечат под нозете на министрите

0
By Менче Атанасова Точи on August 20, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таман ги собравме впечатоците од циркусот кој деновиве ни го приредија надлежните институции, таман помисливме малку ќе здивнеме кога се појави неуморниот министер за здравство веднаш да ни укаже на непотребноста на нашите илузии, па рече: Изворот на листерија е Екстра меин бидејќи бактеријата кај заболените е од ист генотип како онаа што била пронајдена во свинскиот врат на Екстра меин. Не е важно што дел од нив јаделе свински врат, а другите или не можеле да се сетат дали јаделе од овој сувомеснат производ или, пак, не јаделе.

Точно е дека листеријата ги напаѓа луѓето со слаб имунитет, хронично болните, старите, новороденчињата ако ја добиле од мајката, но никаде во литературата не прочитав дека оваа бактерија предизвикува амнезија за болните да не можат да се сетат јаделе или не свински врат од Екстра меин. Такво нешто не може да се заборави. Еве, јас на пример точно знам од кои производители купувам и тоа најмалку една година наназад, а знам и каде и што сум јадела. Ама, болните и починатите не знаат.

И не само што ресорниот министер не убеди дека мистеријата е разрешена во експресно брзо време, туку успеа да ги обедини и раскараните конкурентски институции, Факултетот за ветеринарна медицина и Институтот за јавно здравје.

Да не зборуваме за деканот на Факултетот за ветерина кој бликаше од радост што му простија за избрзаниот гест кога изјави дека е промашена методата на Институтот која самиот си ја демантираше утредента. Вистината е дека тој самиот се јавуваше, инсистираше да биде викнат на интервју за, како што рече, да ја обелоди вистината.

На крајот излезе како што претпоставував, новинарката од НОВА погрешно ја интерпретирала изјавата. Коментар не е потребен, деканот и раководителот на лабораторијата одлично се вклопија во циркусот наречен „Листерија.“ Покажаа дека се вистински пример од кој треба да учат идните студенти.

Но да се вратиме на посериозни работи. Случајот со листеријата која одзема пет човечки животи ја обелодени целата несериозност на нашето општество. Општество во кое професионалците клечат пред директивите на политичките центри на моќ, но чии изрази на лица не можат да го сокријат грчот од клечењето без разлика на насмевките со кои се фотографираат со разно разни министри. Ги разголи институциите до толку што му ги видовме сите недостатоци и срамни нешта што досега се покривале пред граѓаните. А луѓето се револтирани во целиот хаос поради различните ставови и незнаење на оние на кои треба најмногу да им веруваме.

Кулминација на се беше изјавата од Комисијата за заразни болести дека не е направена супер-анализа од страна на Факултетот за ветаринарна медицина бидејќи мострата била запечатена во Центарот за јавно здравје во Велес.

Значи пу-пу, не важи. Ви ја дадовме мострата, ама не е вистинската. Што значи ова? Го довеле во заблуда Факултетот и неговата реномирана лабораторија? Им пратиле друга мостра, а примерокот за супер-анализа го чуваат заклучен во Велес? И сето тоа го соопштија откако Факултетот за ветеринарна медицина излезе со информација дека во резултатот од супер-анализата не е најдена листерија. Не само што ја осрамотија и доведоа до ниво на локално гранапче лабораторијата и Факултетот за ветеринарна медицина, туку ги понижија и граѓаните на оваа државата.

Што да мислат сега луѓето? Несериозно, многу несериозно од институции во кои се вперени очите на граѓаните, на роднините на починатите, на болните и нивните семејства. На кого да веруваат?

Луѓето се збунети поради институциите кои меѓусебно се демантираа и излегуваа со контрадикторни информации. Излезе на виделина и непознавањето на правилниците и законите, различни се толкувањата за една иста работа во различни институции. На нозе се сите, но колку повеќе излегуваат во јавност толку повеќе ја хранат недовербата кај граѓаните.

Се добива впачаток дека се бара виновник, а не вистината. Компанијата „Екстра меин“ безуспешно се обидува да укаже на пропустите во испитувањето. Небулозите одат до таму што од таму тврдат дека во маркетот воопшто немало нивни производи во моментот кога биле земени мострите.

И еве, после толку време министерот ни соопшти дека инспекторите пронашле листерија и во свинското и пилешкото месо од кои се прават сувомеснатите производи во оваа кумановска фабрика.

Додека министерот во својот занес заборави колкава е одговорноста и какви последици повлекува неговата демонстративна изјава, надлежните срамежливо потврдија дека месото било увезено од Бразил и Канада.

Преставници на највисоките институции кои треба да се грижат за безбедноста на храна соопштија поразувачка информација, го потврдија сопствениот пропуст.

Сега истите тие, треба да одговорат: како можело да се дозволи такво месо да влезе во државата? Кој ќе сноси одговорност за тоа? Уште колку фирми го користат ова месо за своите производи? Колку ќебапчилници, ресторани, индивидуалци го користат? Уште колку граѓани треба да се разболат, колку животи се во опасност зашто надлежните не си ја вршеле својата работа?

Ете, со тоа треба да се занимавате министре, вие и сите одговорни кои им сакаат добро на македонските граѓани. А, за циркуси? И така ги има многу во оваа држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.