Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ затоа што граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат, а Бугарија да ги овозможи основните човекови и јазични права на Македонците во Бугарија, порача Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Тој вели дека две од 14-те пресуди на Европскиот суд, на многу симболичен начин покажуваат каде се наоѓа Бугарија во овој процес.
– Првата е за одбивањето да се регистрира „македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија. Што е спорно ако се регистрира македонски клуб за етничка толеранција, кога етничката толеранција е највисока цел на Советот на Европа?, вели Николоски.
Втората пресуда се однесува на регистрирање на здружение на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор.