НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омилени јадења на светските лидери – Обама сака брза храна, Меркел обожува пецива, Путин сладолед, кралицата Елизабета е по риба со спанаќ и тиквички…

0
By Sashko on April 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Човековите навики во исхраната може да покажат склоност кон луксуз, екстраваганција или обратно – едноставност, приземност и скромност. Некои пак, одат и до крајности, пишува египетскиот портал „Нунпост“ (NoonPost).

Ова важи и за лидерите на државите ширум светот. Интересот за проучување на исхраната низ историјата, може да даде јасна претстава за развојот на цивилизацијата во општествена и културна смисла, за вкусовите на кралевите, царевите и султаните и промените, при што јавните гозби станаа достапни за поширок круг луѓе кои сепак, како елита, почитуваат хигиена, бонтон и протоколи. Покрај тоа, лидерите станаа повнимателни од кога било, поради стравот од труење или болести. Оброците на современите шефови на држави понекогаш се и строги тајни од причини околу личната, но и националната и светската безбедност и мир. Меѓутоа, велат – ниедна тајна не е вечна…

Од говедска глава, којашто ја претпочитал Жак Ширак, до омилениот сладолед од ф’стаци на Владимир Путин, сѐ тоа останува исклучително чувствителна тема во круговите на моќ.

Фото: rbth.com

Така, прашан за Ангела Меркел и нејзините омилени јадења, готвачот на канцеларката во една прилика одговорил: „Не можам да ви кажам што таа претпочита, инаку овие јадења би се готвеле насекаде низ светот“.

Фото: twitter

Инаку, познато е дека, таа наводно сака пецива, како и супа од компири и зелка.

Жил Брагар, претседател и основач на Францускиот клуб на готвачи, го коментираше прашањето околу француските лидери.

„Храната е многу чувствително прашање за власта. Францускиот претседател Шарл де Гол претпочитал грашок, што зборува за строгата природа на воениот водач, кој не минувал многу време на масата. Што се однесува до Франсоа Митеран, неговите навики во исхраната се измешани. Социјалистичкиот претседател сакал кавијар, буржоаски деликатес што беше во спротивност со идеологијата што тој јавно ја промовирал“, раскажува Брагар.

Жак Ширак бил познат како гостопримлив домаќин кој на гостите ги нуди омилените јадења. Сакал азиска кујна и нетрадиционални јадења, како говедска глава. Французите знаат и дека поранешниот претседател Франсоа Оланд не сакал артичока и аспарагус.

Фото: latimes.com
Фото: eater.com

И за поранешниот претседател Никола Саркози, Бернард Вакон, кој ја води кујната во Елисејската палата речиси 40 години, вели дека тој мразел артичока, но сакал чоколадо.

Фото: bbc.com

„Беше познат и по тоа што не сака вино и сирење, а беше зависен од чоколадо. Саркози претпочиташе и обични салати, бело месо и секако тестенините на неговата италијанска сопруга Карла Бруни“, истакнува Вакон.

Американските претседатели…

Во 1990 година, републиканецот Џорџ Буш го забрани консумирањето на брокула за време на ручек во Белата куќа, како и во просториите на Воздухопловните сили, па остана запаметен по неговата „славна“ изјава: „Не сакам брокула, никогаш не ми се допаѓал овој зеленчук. Како мал, мајка ми ме хранеше со тоа. Сега сум претседател на САД и веќе нема да јадам брокула!”.

Фото: dailyedge.ie

Тоа, пак, ги поттикна земјоделците да испратат 10 тони зелјест зеленчук во Белата куќа во знак на протест.

Фото: ophdenver.com

За разлика од Мишел Обама, која е поборничка против дебелината и за овошје, зеленчук и здрава исхрана, Барак Обама беше редовен посетител на рестораните за брза храна и познат е како љубител на мексиканското чили.

Русија

Рускиот претседател Владимир Путин е познат по стравот од труење, па наводно, најмил човек со полно работно време, за да ги пробува јадењата приготвени за него. Со својата склоност кон сладолед од ф’стаци, и лете, и зиме во Русија, наводно, Путин останува „конзервативно доследен“ кон оваа слатка закуска.

Британската кралица Елизабета Втора

Кралицата го започнува денот со шолја зелен чај од нејзиниот омилен бренд – англиска компанија „Твинингс“ – со овошје, а понекогаш и омлет со чаден лосос. За ручек таа претпочита вино „Дубоне“, риба со спанаќ и тиквички или пилешко на скара, а избегнува јаглехидрати. Вечерата на британската кралица се состои само од месо и зеленчук.

Фото: cheatsheet.com

Германскиот фирер и други тоталитарни и „спорни“ водачи…

На изненадување на многумина, можеби, Адолф Хитлер не јадел месо и бил речиси вегетаријанец. Последниот оброк на Хитлер беше точен показател за тоа. На 30 април во 1945 година, 25-годишна девојка пристигнала во бункерот на Хитлер, каде што добила задача да приготви изматени јајца со пире од компири.

Како што раскажуваат Викторија Кларк и Мелиса Скот во нивната книга „Вечерата на диктаторите“, Хитлер бил повеќе пријателски настроен кон животните отколку кон луѓето, но тој не бил посветен вегетаријанец, оти понекогаш сакал „живинско месо од Хамбург“ – месо од гулаби, полнето со џигер, јазик, и ф’стаци.

За кубанскиот лидер Фидел Кастро, неговиот пријател, колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркез го опишува како „неуморен рибар кој бара нови рецепти и готви со труд, љубов и посветеност на научник“. Тој бил познат по неговата страст за книги за готвење, собирањето рецепти и готвењето за неговите најблиски да ги вкусат вкусните јадења. Според блиските, тој сакал да готви тестенини.

Фото: amazon.com

Садам Хусеин го водеше Ирак меѓу 1979 и 2003 година. Тој претпочитал свежо, не многу мрсно месо, како и свежи ракчиња и маслинки од Голанската Висорамнина, а омиленото јадење му бил месопотамскиот тн. масгуф, но сакал и свежа риба, чорба од бамја, супа од леќа…

Фото: twitter

Поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи е познат по неговата љубов кон млекото од камила. Иако страдал од стомачни болки, не престанал да го пие. Неговата љубов кон пијалакот била толку силна што секогаш настојувал и гостите да го пробаат тоа.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ил (1994-2011) е познат по својата слабост кон супата од перки од ајкула и кучешко месо… А, неговиот ориз го правеле група жени кои избирале зрна ориз со ист облик, боја и должина и ги готвеле на оган од дрвја исечени од планински врв во близина на границата со Кина.

Тој сакал и суши и свежа риба што се јаде додека е жива. Додека неговата храна се одгледуваше само за него, велат, многу од Севернокорејците гладуваа.

Јосиф Сталин, вториот лидер на СССР, бил познат по својата моќ и суровост, преобразбата на земјоделската земја во индустриско општество и победата над силите на Оската во Втората светска војна. Меѓу неговите омилени јадења биле традиционалниот десерт од јаткасти плодови и карамела натопени со мед, од неговата родна Грузија. Свечените гозби на Сталин често траеле и до шест часа, па на трпезата имало и други грузиски јадења и намирници – ореви, лук, праски и калинки.

Бенито Мусолини

Бенито Мусолини е еден од основачите на фашистичкото движење во Италија, а неговата омраза кон Франција одела и подалеку од политиката. Тој еднаш рекол: „Француската кујна е бескорисна, а италијанската кујна е најдобра на светот“.

Тој претпочитал да јаде дома со сопругата Ракел и неговите деца и сакал сите членови на семејството да бидат на масата кога тој ќе се врати дома. Омиленото негово јадење било едноставна салата со мелен лук, путер и лимон. Очигледно неговата исхрана подоцна се променила, оти во 1945 година, му било дијагностициран зголемен црн дроб, висок шеќер во крвта и болест на дебелото црево. Според некои наводи, тој сакал да проба и пилешко, но и зајачко месо во својата исхрана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.