Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола од 1 мај ќе премине кон користење на рубљата, објавија руски државни медиуми.
Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува „Би-Би-Си“.
„По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута“, додаде Стремусов.