Изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за Си-Ен-Ен дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на листата на „терористички соучесници“, Москва ја смета за пропаганден потег.
Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, портпаролката на руското МНР Марија Захаров изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што вели, идиотските, пренесува Спутник.
„Сите мерки што ќе ги преземе, дури и оние од идиотски карактер, ќе бидат развиени и продолжуваат, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го разберат тоа“, рече Захарова за време на емисијата на каналот на јутјуб „Соловјов во живо“.