Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се греат и базени, а 17 семејства трошат 10 отсто од годишната потрошувачка на струја на домаќинствата

0
By НОВА ТВ Balaban on April 28, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2022 13:58

Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од останатите земји каде се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена  во однос на другите тарифи.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Професорите ќе учествуваат и во анализата потребна  за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во поедини блок тарифи. Целта на реформата на тарифниот систем за електрична енергија е да овозможи фер цена за сите потрошувачи,  и во исто време да поттикне рационално користење на електричната енергија.

„Како што најавивме, ќе ги вклучиме сите релевантни чинители во реформата на тарифниот систем за електрична енергија. Анализите и податоците кои ќе ги добиеме ќе бидат основа за реформата да биде  правична и ќе гарантира заштита на  потрошувачите кои рационално користат електрична енергија. Веќе споделивме дека првичните податоци од анализите кои ги имаме укажуваат на тоа дека има неекономично трошење на електрична енергија во време на енергетска криза од мал број на потрошувачи. Па така, освен што имаме греење на надворешни и внатрешни базени , податоците покажуваат дека 17 домаќинства на годишно ниво трошат 10% од годишната потрошувачка на електричната енергија на домаќинствата. Во оваа реформа посебен акцент ќе се стави на редовното читање на броилата на потрошувачите со цел потрошувачите да бидат соодветно распределени во блок тарифите. Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од останатите земји каде се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена  во однос на другите тарифи. Потрошувачите кои користат енормно поголеми количини на електрична енергија ќе плаќаат реална цена.“ посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

 

и. Регулаторната комисија за енергетика Машинскиот факултет професори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.