Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојан Маричиќ: Имаме 45 посто усогласеност со ЕУ, кога ќе ги почнеме преговорите ќе бидат брзи и ефикасни

0
By Соња Крамарска on April 29, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 29, 2022 11:58

Одговарајќи денес на прашање на настанот организиран од Владата по повод 100 дена од стапувањето на должност на кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, неговиот заменик за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека оваа влада „доби на маса тешки проблеми и сите мора да ги решава одеднаш“.

„По првпат оваа година воспоставивме систем на рационални разговори со Бугарија. Процесот не е веќе заробен само во историја и тој нов пристап дава резултати без разлика на сите пречки. Ги подобривме односите и ја интензивиравме комуникацијата. Добро е што Франција претседава со ЕУ затоа што е една од највлијателните држави во Унијата а претседателот Макрон силно се залага за евроинтеграциите“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот притоа оцени и дека сите пречки, како што рече во разговорите со Бугарија, доаѓаат од радикалните националисти од двете страни на границата со цел разговорите да не успеат. Но битно е, нагласи тој, дали ќе успееме како прогресивна влада или ќе дозволиме да надвладеат радикалните националисти.

„Северна Македонија е држава со најдолг кандидатски стаж од 17 години. Први го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација, тогаш во процесот бевме заедно со Хрватска која е денес веќе членка на ЕУ а ние сеуште чекаме да ги почнеме преговорите“, посочи Маричиќ.

Тој вели дека земјава има 45 процентно усогласување со ЕУ и тоа значи дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат долго. „Од 2009 година добивме многу позитивни извештаи. Последниот извештај вели дека нивото на подготвеност на Северна Македонија е највисоко во регионот дури и повисоко од некои држави кои веќе преговараат како што се Србија и Црна Гора. Важно е да ни се даде прилика да започнеме. Нашите европски интеграции се долго време жртва на билатерални прашања. Време е да ни се валоризираат постигнувањата“, изјави Маричиќ и додаде дека „кога ќе ги почнеме преговорите подготвени сме да ги водиме брзо и ефикасно“. (С.К.)

 

 

 

 

100 дена Влада Бојан Маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.