Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот „Ел паис“.
Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега.
Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи со гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.