Германските истражни органи по налог на Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, на Финансиската полиција и на Обвинителството.
Засега не е позната причината за претресот во канцелариите во „Дојче банк“.
Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек.
Ниту од „Дојче банк“ не се огласуваат со какви било информации за јавноста.