НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавниот долг е намален на 57,1% од БДП што е на ниво под мастришкиот критериум – информира Министерството за финансии

0
By Mirjana on April 29, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Јавниот долг, заклучно со 31.3.2022 година, изнесува 57,1% и е намален за 3,7 процентни поени во однос на 31.12.2021 година кога изнесуваше 60,8% од БДП. На намалувањето на јавниот долг влијаеше отплатата на обврските по основ на главнина за надворешен долг во прв квартал  во 2022 година, во износ од 55,2 милиона евра. Согласно последните податоци, јавниот долг е позициониран на ниво под мастришкиот критериум на Европската Унија, што ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии во време на енергетска криза и зголемена инфлација.

Со цел заштита на портфолиото на државниот долг од евентуалните идни пазарни шокови, односно од неповолните промени на каматните стапки што директно влијаат врз зголемување на трошоците на Буџетот, eдна од целите во следниот период е одржување оптимална каматна структура на портфолиото на државниот долг. Согласно ова, министерот за финансии, денеска на форумот „100 дена Влада“, истакна дека е важно да се намали цената на чинење на трошоците.

„Јавниот долг се намалува за 3,7 процентни поени. Со тоа се создава простор за 454 милиони евра дополнително финансирање во тековниот период од годинава“, потенцира министерот Бесими.

Тој притоа додава дека од исклучително значење е носењето на Законот за буџети, којшто во моментов е во собраниска процедура. Согласно Законот, Буџетот и Фискалната стратегија треба да бидат во согласност со фискалните правила коишто се однесуваат на дефицитот и на вкупниот долг на општата власт. Притоа, буџетскиот дефицит за соодветната година не смее да надмине ниво од 3% од номиналниот БДП, додека вкупниот долг не смее да надмине ниво од 60% од номиналниот БДП.

Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, се очекува долгот на крајот на годинава да изнесува 63,5% од БДП. На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,5%, додека државниот долг ќе се сведе на 50%, наведуваат од Министерството за Финансии. 

мИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНИОТ ДОЛГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.