За само 5 дена над илјада текстилни работнички кои работеле во 7 конфекции на истокот на државата пријавиле дека зеле плата која не го исполнувала законскиот загарантиран износ за минималецот.
Ова го изјавила Кристина Ампева од здружението „ Гласен текстилец“ , пренесува Фокус.
– Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд“, изјавила Ампева.