Published: Saturday, April 30, 2022 14:04
Претставникот на руското Министерство за надворешни работи Владимир Јермаков денеска изјави дека е замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и Вашингтон за стратешка стабилност.
Јермаков, кој е вршител на должноста шеф на контролата за неширење на нуклеарното оружје, изјави дека тие контакти би можеле да бидат обновени кога ќе заврши руската „специјална воена операција“ во Украина.
– Распоредувањето на американски ракети со среден и краток дострел на европско тло и во азиско-пацифичкиот регион дополнително ќе ја ескалира кризната ситуација и ќе започне нова трка во вооружување, предупреди Јермаков.




