НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врачување на Златниот венец на лауреатот Ко Ун

0
By Нова ТВ on August 24, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“, што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата во Струга, вечер ќе бидат врачени наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ во рамки на 53. издание на Струшките вечери на поезијата.

Годинашниот лауреат јужнокорејскиот поет Ко Ун е 49-иот добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец. Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2014 година ќе и биде доделена на Вера Чејкоска за книгата „Моите веди“.

Признанието „Мостови на Струга“, што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант, ќе му биде врачено на британскиот поет Хари Ман за дебитантска книга „Лифт“.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг ќе настапат и поети од разни страни на светот. Точно на полноќ на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Енхалон“.

Педесет и третиот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционално читање на Константиновата „Т га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата. По поетското читање „Мостови“, следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија.

На 53. издание на Струшките вечери на поезијата, покрај од Македонија учествуваат и 50-тина поети од 34 земји.

Наградата „Златен венец“ првпат му е доделена во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.