Група од околу 40 цивили денеска пристигнаа во центарот за привремено сместување откако ја напуштија областа околу фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол, јавува Ројтерс.
Британската агенција наведува дека на фотографиите на нејзиниот фотограф се гледа како цивили пристигнуваат во селото Безимено, во регионот на Доњецк, со автобуси со украински регистарски таблички, во конвој со руски сили и возила со симболи на Обединетите нации.
Со вакви информации денеска излезе и руското Министерство за одбрана.
Две групи со вкупно 46 цивили вчера преку хуманитарниот коридор ги напуштија објектите на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на прекинот на огнот и отворањето на хуманитарен коридор, две групи цивили го напуштија металуршкиот комбинат „Азовстал“ на 30 април. соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерацијата, пренесува агенцијата ТАСС.