Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре, соопшти денеска Градскиот совет.
Како што беше наведено, евакуацијата е одложена поради безбедносни причини, јави Би-Би-Си. Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100.000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро, соопшти градскиот совет на Запорожје.
Запорожје е под руска контрола. Тоа е дестинација за претходните операции за евакуација.
Во посебна мисија координирана од меѓународните хуманитарни групи денеска, околу 100 цивили можеа да ја напуштат фабриката за челик Азовстал во Мариупол.