НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја започнува дебатата за уставните измени и ребаланс на буџетот

0
By Сашка Цветковска on August 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре во Собранието започнува комисиската расправа за нацрт-амандманите за измени во Уставот кои ги достави Владата, а на дневен ред е и ребалансот на буџетот. Два дена по утрешната комисија која ја закажа претседателот на Собранието Трајко Вељановски, треба да се закаже и собраниската седница на која што со 62 или повеќе гласа може да бидат изгласани нацрт-амандманите. Доколку се изгласаат, ќе следи 30-дневна јавна дискусија по која што Владата треба повторно до Собранието да достави нови предлог-амандмани со вградени забелешки од дискусијата. Очекувањата се дека постапката за носење на уставните измени треба да заврши до крајот на октомври.

Во меѓувреме, министерот за правда побара и мислење од Венецијанската комисија на чија што веб страницата информираат дека на 5 Август годинава „министерот за правда побарал од комисијата да даде толкување на 7 амандмани од Уставот, пред се на оние кои се однесуваат на на Судскиот совет, надлежностите на Уставниот суд и Државниот завод за ревизија.

Владата до Собранието минатиот месец достави предлог за измена на Уставот со седум нацрт-амандмани кои предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на маж и жена, како и дефинирање на вонбрачната заедница; измени во составот на Судскиот совет, менување на името на Народната банка во Македонија; регулирање на фискалната политика во делот на висината на јавниот долг; формирање на финансиска зона; Државниот завод за ревизија да биде независен орган биран од Собранието и менување на надлежностите на Уставниот суд, односно Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Дефинирањето на бракот како заедница помеѓу маж и жена и можноста за формирање финансиски зони, односно таканаречени даночни раеви во земјава се едни од најконтроверзните нацрт-амандмани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.