Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, рече британскиот премиер Борис Џонсон во денешното обраќање пред украинските пратеници преку видео врска.
Тој истакна дека Велика Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра.
„Имам порака за вас денеска: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна“, нагласи Џонсон.
Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.
„Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата“, порача Џонсон.