НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Хорор во Шангај: Повозрасен човек по грешка жив ставен во вреќа за мртви и испратен да го погребаат

0
By Mirjana on May 4, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден постар жител на Шангај по грешка беше прогласен за мртов и одведен во мртовечница во жолта вреќа, како најнов знак на нефункционирањето на градот погоден од Ковид, каде што милиони луѓе остануваат во локдаун што го спроведува владата.

Видео снимката, снимена од случаен минувач, го покажува моментот кога неколку работници облечени од глава до пети во заштитна опрема се оддалечуваат додека сфаќаат дека човекот е сè уште жив. Снимката оттогаш стана вирална на кинеските социјални мрежи, предизвикувајќи ужас и бес.

На видеото, објавено во неделата, се гледа како главата на човекот — жител на старечки дом — се појавува од жолтата вреќа додека работниците ја креваат од возилото.

Лицето кое го снима видеото, очигледно од блиската зграда, може да се слушне како вели: „Домот за стари лица е таков хаос. Испратија жив човек во погребна кола и го прогласија за мртов.Тоа е неодговорно, навистина неодговорно“.

Видеото го прикажува моментот кога работниците на мртовечницата сфаќаат дека човекот е се уште жив.

На кинеската платформа Веибо, слична на Твитер, многумина изразија неверување дека може да се случи таква тешка грешка — особено во Шангај, кој долго време се сметаше за најпрогресивен и најмодерен град во Кина.

„Проблемите во Шангај овојпат се целосно откриени“, гласи еден популарен коментар на Веибо.

„Ова се смета за намерно убиство“, напишал друг корисник.

Многу други истакнаа дека човекот можел да биде погребан или кремиран доколку не бил откриен жив. „На владата не и е грижа… што се случува во Шангај? вели еден коментар.

Окружната влада реагираше на инцидентот во понеделникот, велејќи во соопштението дека стариот човек сега е во стабилна состојба.

Тројца функционери се отстранети од бирото за граѓански работи и канцеларијата за социјален развој во областа, а сменет е и шефот на старечкиот дом, се вели во соопштението.

жив човек испратен да го погребаат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.