Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од денешната конференција во Бугарија: Македонската нација е политички производ

0
By Соња Крамарска on May 4, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 4, 2022 12:04

Познато е дека повеќе од две-три години не успеваме да се договориме со колегите од Скопје зошто и како треба да се слави Гоце Делчев во двете земји како обединувачка историска личност. Причината е сложениот и длабоко контрадикторен однос меѓу историјата и политиката.

Ова го изјави Ангел Димитров, претседател од бугарска страна на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

„Историската слика на новиот југословенски комунистички проект, постоењето на македонска нација со вековни државотворни традиции, е целосно политички производ и таа станува задолжителна за постигнување на планираната тотална контрола во македонското време и простор“, вели Димитров.

Тој истакнал и дека денеска во билатералната заедничка комисија „ставот на колегите од Македонија е подреден на симбиозата меѓу политиката и историјата“. Според него, постигнувањето договор за главните историски прашања ќе биде знак дека можеби ќе има похармоничен однос меѓу историјата и политиката.

Димитров ги посочил, како што рекол, главните проблеми кои според него докажуваат дека за историчарите на Северна Македонија се уште се чека ослободувањето од притисокот на политиката.

„Фундаментална е нивната неподготвеност да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја, вградена во самиот Договор за пријателство и добрососедство. Со тоа се заштитува неприфатливата за Бугарија линија на толкување на минатото, линијата на моделирање на јавните ставови во духот на антибугарскиот македонски национализам. Постои неспособност и неподготвеност на нашите колеги да ја напуштат идеолошката и политичката рамка во која се оковани повеќе од 75 години“, рече Димитров.

Тој ги повика македонските историчари „да преземат граѓанска одговорност и да станат израз на реалната можност за надминување на антибугарските постулати на македонизмот“.

„Време е историската наука во Северна Македонија да се ослободи од историските окови. Тоа би довело не само до професионална туку и до јавна катарза во духот на европските и демократските стандарди. Мешовитиот комитет за историски прашања не треба да биде искривено огледало на односот меѓу историјата и политиката“, рече Ангел Димитров.

Ангел Димитров Мешовитата комисија за историски и образовни прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.