На Телеграм се појави снимка од руските напади на Азовстал, челичарницата во Мариупол која е последно упориште на украинските борци во обид за одбрана на пристаништниот град на југот на земјата.
Борби, според високи украински претставници, се водат внатре во фабриката, откако руската војска успеала да влезе во комплексот.
https://www.youtube.com/watch?v=FerFlulqSV8
Украинската влада предупредува дека во бункерите под челичарницата сè уште има цивили, меѓу кои и деца.