„Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската Унија (ЕУ) за забрана за увоз на руска нафта во наредните шест месеци“, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Тој наведе дека снабдувањето на Унгарија со енергија ќе биде „целосно уништено“ со ембаргото на ЕУ за руските енергенси за кое рече дека на „Унгарија би ѝ оневозможило добивање на нафта што е неопходна за функционирање на унгарското стопанство“.
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во текот на денот рече дека снабдувањето со сурова нафта од Русија ќе биде забрането во рок од шест месеци, а проиводите од рафинерија до крајот на годината. Таа повика на поголема флексибилност за Словачка и за Унгарија.