Сирени за опасност од воздушни напади вечерва се огласија во места ширум Украина по што набрзо следеа ракетни удари на градовите Черкаси, Дњепар и Запорожје.
Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов рече дека еден проектил го погодил центарот на градот. Градските власти претходно соопштија дека во нападите е погодена железничка инфраструктура, без да наведат детали. Украински железници објавија дека нема повредени меѓу нивните вработени во нападите.
Русија ги бомбардира железничките станици и други важни инфраструктурни точки ширум Украина под изговор дека „Западот ја снабдува земјата со оружје“.