Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Манчестер сити со 3:1, по продолженија, и ќе играат во во финалето против Ливерпул на 28 мај во Париз.
„Кралевите“ славеа со 2:1 во основните 90 минути со головите на Родриго во самиот финиш на реванш полуфиналниот дуел (90-та и 91-ва минута), откако гостите од „Етихад“ поведоа преку Марез во 73-та минута и на тој начин ја анулираа негативата од еден погодок од гостувањето во Манчестер.
Мечот влезе во продолженија, а печат на визата за финале стави Карим Бензема од пенал во 95-та минута.