Published: Thursday, May 5, 2022 16:25
Фармацевтската компанија „Модерна“ побарала од Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја разгледа можноста за употреба на нејзината вакцина против ковид-19 кај деца под петгодишна возраст, соопшти Марко Кавалери, задолжен за стратешка вакцинација во Агенцијата.
„Започнавме со проценка на барањето на „Модерна“ за проширување на употребата на „Спајквакс“ кај деца меѓу шест месеци и пет години и ова е прво барања за оваа возрасна група“, изјави тој.
ЕМА одобри употреба на вакцините на „Модерна“ кај деца од шестгодишна возраст, сега за прв пат ќе се испитува употребата кај бебиња и мали деца.
Децата обично го прележуваат вирусот полесно од возрасните, но можат повеќе да го пренесуваат.




