Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс ќе играат во финалето во Лига Европа на 18 мај во Севилја.
Бундеслигашот вечерва го совлада Вест Хем и на домашен терен со 1:0, откако и во првиот меч славеше со 2:1.
Ренџерси, пак, пред своите навивачи го поразија Лајпциг со 3:1 и на тој начин ја анулираа негативата од 0:1 од првата средба.