Кејт Буш направи кам-бек со екстатичен одговор на фановите на нејзиниот прв концерт во живо после 35 години.
Буш доби овации откако го затвори шоуто со Cloudbusting, од нејзиниот хит албум The Hounds of Love од 1985.
56-годишната британска ѕвезда се појави во Лондонскиот Хамерсмит Аполо – сцена на нејзиниот последен настап во живо во 1979 година.
Потоа, таа им се заблагодари на фановите за нивните “топли и позитивни реакции.”
Поддржана од седум музичари, Буш го отвори шоуто со Лили, од албумот од 1993- Црвени чевли.
Имаше големи овации на публиката, откако Буш се појави на сцената – боса и облечена во црно – со нејзините пет придружни пејачи.