Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Под притисок сме на Запад да го признаеме Косово, но нема да ги „гаснеме“ пријателствата на Исток

0
By Sashko on May 6, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 20:39

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста изјави дека земјата во иднина посилно ќе чекори по европскиот пат, но и дека е под голем притисок од Западот по споредбата на рускиот претседател Владимир Путин на Косово со Доњецк и Луганск, па затоа од Белград ќе се бара да ја признае независноста на Косово за Москва да не може да го искористи случајот како аргумент за своите постапки во Украина. Тој, исто така, порача дека нема да ги гаси пријателствата на Исток, колку и да има притисоци, јави дописникот на МИА од Белград.

„Мојата порака е дека Србија денеска е на европскиот пат, дека засилено ќе одиме по тој пат и ќе се бориме за местото на Србија во семејството на европските народи“, нагласи претседателот на Србија.

Вучиќ потсети и дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин на средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се повикал на пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека одлуката на Косово да прогласи независност од Србија не е спротивна на меѓународното право и го искористи тоа како аргумент дека Доњецк и Луганск имале право да прогласат независност од Украина.

„Ќе се соочиме со најтешки притисоци да кажеме дека Косово не е ништо слично на она што се случува во Украина“, рече Вучиќ, додавајќи дека Западот очекува од Србија да ја признае независноста на Косово.

Затоа, како што рече, „Косово ќе биде најдоминантна тема за нас во наредниот период“. – И, веднаш да ви кажам – сите европски лидери ми кажаа дека Путин инсистирал на случајот со Косово во нивните меѓусебни разговори, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија оцени дека не очекува Русија да го признае Косово, но оти очекува Србија да биде под голем притисок да го стори тоа за Путин да не може да го искористи случајот како аргумент за руските потези во Украина.

„Целиот Запад, за да му го скрати тој аргумент на Путин, ќе побара од Србија брзо да се придвижи кон признавање на независноста на Косово за да му кажат на Путин дека тоа не е ист случај“, изјави Вучиќ.

Како што рече, „има мал број земји кои велат дека сакаат нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а голем број од нив се за взаемно признавање, не само САД туку и повеќето други“.

Тој додаде дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не постои, а обидот за дијалог во Берлин бил само обид.

Вучиќ посебно го посочи влезот во меѓународните институции и организации на Косово, бидејќи Приштина ја информирала меѓународната јавност дека сака да биде членка на Советот на Европа, а Германија ги поддржала.

„Нашиот одговор ќе биде дециден и силен… Ќе ги покажеме забите многу поостро отколку што мислеа“, истакна Вучиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.