Предложениот Ребаланс на Буџетот за 2014 година е ребаланс за нови долгови на граѓаните на Република Македонија и на економски парадокси на политиките на оваа власт.
Владата продолжува со безмилосното зголемување на буџетскиот дефицит. Тоа по автоматизам значи и нови задолжувања на граѓаните, со што ќе мора да се покрива буџетската дупка, истакна пред новинарите Маријанчо Николов од СДСМ.
– Еве го првиот парадокс. Додека Владата, од една страна, се фали дека на дел од граѓаните
простува долгови, од друга страна за да го покрие дефицитот, ги задолжува сите граѓани на
Македонија. Новата буџетска дупка што ќе ја покрива власта на Груевски со парите на граѓаните е 22 милиони евра!
– Ако се земе предвид вкупниот дефицит за цела 2014 година, оваа Влада ќе ги задолжи сите
граѓани на Македонија за 320 милиони евра!
– Втор парадокс. Владата го правда зголемувањето на дел од буџетскиот дефицит со потребата од пари за изградба на капиталниот проект Коридор 10. Но, од друга страна, со Ребалансот, ги намалува парите за капитални проекти за високи 21 милион евра. При носењето на Буџетот за 2014 година Владата најави капитални инвестиции, а сега ги крати парите за нив, што само ги потврдува манипулативните политики.
– Ја повикуваме власта на Груевски да каже искрено која е причината за буџетскиот дефицит? Дали се тоа потребите за капитални проекти или покривање на дупката во Фондот за пензиско?
Од една страна се тврди дека невработеноста се намалила за 4.5% на годишна основа, а бројот на вработени се зголемил за 2.6% во однос на првиот квартал лани. Но, ставката приходи од придонеси во Ребаланот е прикажана како намалена за 7.3 милиони евра.
Истовремено, со Ребалансот Владата префрла на ПИОМ нови 9.5 милиони евра. Тоа значи
дека за цела 2014 година вкупните средства што ќе ги добие ПИОМ од Владата се крева на
неверојатни 374 милиони евра.
Важно да се потенцира е и дека Владата манипулира и со екомонскиот раст. Власта постојано тврди дека економијата и извозот растат, но тоа не го говорат бројките во Ребаланот, што покажуваат намалување на приходите за 44 милиони евра, рече Николов.