НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Обезбедивме стабилна испорка на енергенси, цените постигнаа историски пик

0
By Biljana on May 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стабилност и сигурност во испораката на електрична и топлинската енергија беше обезбедена и во услови на голема енергетска криза која што започна во втората половина од 2021 година, а беа прифатени и  предлозите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за намалување на ДДВ и проширување на опфатот на ранливите категории кои добиваат финансиска помош за плаќање на сметките за електрична и топлинска енергија.

Ова се наведува во Годишниот извештај за работа на РКЕ што беше усвоен од Собранието.

Марко Бислимоски, претседател на РКЕ изјави дека високите берзански цени на енергенсите минатата година неколку кратно се зголемија поради што по 12 години се создадоа предуслови да се активира во погон ладната резерва ТЕЦ Неготино.

– Тоа овозможи дел од потребната електрична енергија да се обезбеди од домашно производство наместо од увоз. Како една од мерките за справување со енергетската криза, се донесе одлука наместо задолжителните 70 отсто, ЕСМ да испорачува 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата по цена од 41 евро за мегават час во услови кога берзанската цена на електричната енергија достигнуваше до 450 евра за мегават час – рече Бислимоски.

Минатата година, додаде Бислимоски, цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик. Природниот гас од 300 долари за нормален кубен метар достигна цена до 1.800 долари за нормален кубен метар. Електричната енергија постигна цена од фантастични 450 евра за мегават час за разлика од цените пред кризата кои достигнуваа од 55 до 65 евра за мегават час. Кај нафтените деривати се регистрираше поскапување за околу 70 отсто на берзите во однос на крајот на 2020 година.

-Берзанските цени на овие енергенси и денес се околу 4 пати повисоки од цените пред кризата и се очекува да се стабилизираат на одредено повисоко ниво во однос на нивото пред кризата- вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

 

Марко Бислимоски претседател на РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.