НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имаме последна шанса да ги спасиме односите со Бугарија, вели министерот Османи

0
By Biljana on May 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа што понатаму Владата ќе има се помалку и се поразредена политичка енергија, но и целото општество да се посвети на едно прашање кое што троши и политичка енергија, но се разбира ги троши и граѓаните во овие континуирани циклуси на надежи и на фрустрации, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на такви, како што кажа, бесконечни фрустрации и разочарувања и дека ќе треба еден ден да се стави црта, односно да се каже дека е доста.

– Ние не можеме да имаме ваков пристап во којшто владите ќе бидат тематски, ќе се занимаваат само со едно прашање и со една надеж. Ќе мора да се фокусираме внатре, да продолжиме внатре со реформите, со европеизација на државата, меѓутоа нема да може да има енергија понатаму да се продолжи како што беше до сега. И тоа им го кажуваме и на Бугарија дека сега има еден прозорец на можности и можеби последна шанса да се спаси тоа што го изградивме во претходните месеци и да почне едно ново поглавје на позитивни односи меѓу нашите држави, но и до ЕУ дека ќе мора да кажат што понатаму, нагласи Османи.

Тој посочи дека со Република Бугарија комуникацијата продолжува, но и со француското претседателство кое е одговорно во овие шест месеци да го менаџира, да го координира процесот. Османи се надева дека наредните недели ќе има можност да има конкретен дијалог и конкретни чекори.

Според Османи, Скопје направи се што можеше да се направи, но и тоа што не можеше да се направи.

– Мислам дека е доста веќе. До јуни, да не се врзам со месеци, до лето мислам дека треба да продолжиме со максимални напори како ова да успее. Семтам дека е важно и опозицијата да го сфати моментот. Да продолжиме конструктивно додека не се исцрпи оваа можност и после тоа да излеземе и отворено пред граѓаните, и отворено пред ЕУ, и отворено пред Република Бугарија дека не можеме граѓаните повеќе да ги малтретираме и да ги изложиме на ваков процес на циклични очекувања и разочарувања притоа исполнувајќи ги сите услови. Треба да знаеме на што сме, не може повеќе вака, потенцира Османи.

Министерот смета дека посебно последните месеци многу ги зближивме позициите, што ќе биде историска штета ако не се успее, зошто никогаш, како што кажа, нема да бидеме во подобра позиција за надминување на овие разлики.

Тој нагласи и дека договорот за добрососедство со Бугарија никој не смее да го стави под знак прашање. Бугарија, вели тој, секогаш ќе биде наш сосед, сојузник во НАТО и секогаш ќе биде важно да имаме добри соседски односи со нив.

Во однос на вклучувањето на САД во односите со Република Бугарија, Османи вели дека САД се навистина силно заинтересирани овој процес да успее и европското консолидирање на регионот да продолжи, но оти нема конкретен процес во кој САД се посредници во односите меѓу двете земји. Тие односи, вели Османи,се одвиваат на билатерална основа.

Османи додаде оти се надева дека на крај на мај ќе се одржи втората меѓувладина конференција со Бугарија.

Бугарија Бујар Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.