НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот ден на знамето одбележан со марш до Водно

0
By Biljana on May 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Скопјеинфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европското движење на Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“.

Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Гир изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш.

Ѓуровска истакна дека настанот претставува навистина убава традиција што ја одржуваат секоја година во чест на денот на Европа и оти таа секогаш има некој симболичен аспект во сето она што го прават.

– Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.

Таа посочи дека останува оваа заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека останува да работиме понатаму на овој пат којшто е веќе наш.

Никола Чамовски, еден од учесниците на настанот, истакна дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.