Ермира Мехмети е првата политичарка во Македонија >>што се приклучи во светскиот тренд полевање со кофа мраз, во кампањата Ice bucket challenge за кревање на свеста за болеста амиотрофична латерална склероза АЛС (Amyotrophic lateral sclerosis) или Лу Гериговата болест.
Мехмети ги предизвика да се приклучат во кампањата Ice bucket challenge албанскиот премиер Еди Рама, американскиот амбасадор Пол Волерс, како и албанскиот ТВ водител Аријан Цани.
Илјадници јавни личности во светот се дел од оваа хуманитарна акција и досега се собрани илјадници милиони долари за помош во борбата против АЛС.
Некои од учесниците најавуваат дека и покрај фактот што се полеваат со кофа мраз, ќе партиципираат во хуманитарната акција и со парични средства. Идејата на полевањето со кофа мраз всушност е со цел да се подигне свеста за болката која ја чувствуваат луѓето кои боледуваат- таа има некакви сличности со болката и шокот на целиот организам предизвикан од истурање студен мраз.