НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија денеска го слави Денот на победата над фашизмот – светот во исчекување на говорот на Путин и парадата во Москва

0
By Sashko on May 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: defence-point.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот и 77 години од победата во Втората светскат војна во која тогашниот СССР загуби 27 милиони луѓе од кои 14 милиони беа цивили. Прославата ќе биде на традиционален начин – со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва која, сепак, ќе биде во специфични околности поради инвазијата врз Украина што почна на 24 февруари.

Затоа и годинашната Парада на победата во Москва и обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин се очекуваат со особено внимание.

Западните медиуми шпекулираат што би можело да се случи денеска, па одат од крајност во крајност – од тоа дека целта на Москва е да го заврши конфликтот во Украина до Денот на победата до можноста Путин да прогласи војна во Украина и да објави општа мобилизација во земјата.

Паради, покрај во Москва, ќе се одржат во уште 28 градови и во нив ќе учествуваат 65.000 лица, 2.400 вооружени единици и над 460 авиони.

Низ Црвениот плоштад ќе продефилираат 11.000 војници и 131 вооружена единица додека над руската престолнина ќе летаат 77 авиони и хеликоптери.

Парадата на победата во ерата на СССР се одржуваше само на јубилејни годишнини, а од 1995 година се организира секоја година.

Меѓу гостите во ВИП ложата овојпат ќе нема странски претставници што од Кремљ го објаснуваат дека не станува збор за јубилеј.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.