Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спомен биста во Брвеница во чест на загинатиот Жарко Кузмановски припадник на САЕ „Тигар“

0
By Соња Крамарска on May 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 9, 2022 15:43

Денеска на седум годишнината од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље”, во Брвеница беше откриена спомен биста на Жарко Кузмановски, загинатиот припадник на САЕ „Тигар“. Во дворот на црквата „Св. Атанасиј“ во неговото родното место, се одржа комеморативен собир, на кој освен членови на неговото семејство, колеги од САЕ „Тигар“, почит му оддадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и државнaта секретарка, Магдалена Несторовска.  

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои оставија вечна трага во историјата на нашава татковина, но и аманет за иднината на генерациите што доаѓаат, бидејќи не постои држава во чии темели  не се вградени животите на нејзините најхрабри синови.

„Ова спомен обележје во чест и вечен спомен на незаборавот кон Жарко, не е никаква отплата на долгот кон него, оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци нѐ задолжиле, се враќа само со хумани, професионални, благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито. А загубата е ненадоместлива и речиси е невозможно да се исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме во изминативе седум години од неговото трагично загинување”, рече Спасовски во обраќањето пред присутните.

Во „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 животот го загубија осум припадници на МВР: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Брвеница Диво насеље Жарко Кузмановски загинат Тигар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.