Најмалку 43 затворени се убиени, а десетици се повредени во затвор во Еквадор, соопшти јавниот обвинител на таа јужноамериканска држава.
Затворениците биле жртви на физичка пресметка меѓу ривалски банди во затворот Санто Доминго, околу 80 километри источно од главниот град Кито, пренесува „Би-Би-Си“.
За време на нередите дошло и до бегство на дел од затворениците од кои 112 се уапсени, додека сè уште се трага по 108.
Конфликтите се честа појава во затворите во Еквадор. Речиси 400 затвореници се убиени во шест одделни нереди од февруари во 2021 година.