Едно лице загина, а пет се повредени во ракетен напад на руските сили на Одеса, соопшти украинската оперативна команда „Југ“.
Нападот бил извршен врз трговски центар и магазин со производи за широка потрошувачка, пренесува Интерфакс Украина.
Целите биле гаѓани од воздух, додека врз градот се истрелани седум проектили. По нападот биле забележани пожари на повеќе локации, додава агенцијата.
Руските сили продолжуваат со воздушни и артилериски удари врз челичарницата Азовстал во Мариупол, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.