НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите во Грција за признавањето на Охридската архиепископија за канонска

0
By НОВА ТВ Balaban on May 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Вселенска патријаршија: Охридската црква на Северна Македонија станува канонска“, „Вселенската патријаршија ја призна шизматичката црква на Скопје,  „Вселенската патријаршија ја призна црквата на Северна Македонија како Охридска црква“, „Вселенската патријаршија ја прими скопската архиепископија во црковно општење“ се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука за признавање на Охридската Архиепископија за канонска, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција детално ги пренесуваат и соопштението од Вселенската патријаршија, но и реакции од кај нас.

Црковниот портал „Ортодоксија инфо“ во текстот под наслов „Шах- матот“ на вселенскиот патријарх што го збриша планот на руско- српската оска за нова турбуленција на Балканот“, пишува дека со одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија „се става крај на повеќегодишната перипетија на шизматичката црква, која ја врати во рамките на канонската православна црква“.

Додава дека и покрај непријателскиот став на Српската патријаршија, Константинопол не навлегува подлабоко во прашањето и му остава на Белград да преземе потези за завршување на постапката по ова прашање.

– Фанар со овој решавачки потег става крај на новите аспирации на Русија да предизвика нова рунда конфронтации околу јурисдиктивните  прашања, а црквата на Србија ја става пред своите одговорности за завршување на напорите за решавање на проблемот според Светите канони, коментира порталот.

A во продолжение пишува дека „во многу храмови во соседната земја, радосно почнаа да бијат камбаните, откако го слушнаа соопштението на Вселенската патријаршија, објавувајќи ја историската одлука за нив“, а ја пренесува и објавата на Фејсбук на премиерот Димитар Ковачевски.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека одлуката на Вселенската патријаршија беше главна тема во медиумите во Северна Македонија и ги пренесува изразените ставови, како на премиерот Ковачевски, така и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објаснува дека одлуката за признавањето не значи и доделување автокефалност.

грчките медиуми Охридската Архиепископија признавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.