НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската Унија организира донаторска конференција за сириските бегалци

0
By Sashko on May 10, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија (ЕУ) денеска одржува меѓународна донаторска конференција за помош на сириските бегалци и нивните земји домаќини.

„И покрај војната на нашиот праг, ЕУ не заборава на другите конфликти“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел пред конференцијата во Брисел, алудирајќи на војната во Украина.

„Милиони луѓе во Сирија и во регионот секој ден зависат од хуманитарна помош“, рече Борел.

Над 13 милиони луѓе ја напуштиле Сирија или биле раселени во земјата од почетокот на конфликтот во 2011 година, според УНХЦР.

„Околу 5,6 милиони Сиријци нашле засолниште во соседните и блиски земји“, објави УНХЦР, а многумина живеат во сиромаштија.

Конференцијата е 10-та годишна донаторска конференција за Сиријците од 2013 година. По конференциите во Кувајт и Лондон, Брисел е домаќин на конференциите од 2017 година.

Минатата година на конференцијата беа собрани 5,3 милијарди евра (5,6 милијарди долари) од кои 3,7 милијарди евра беа од Европската Комисија и земјите-членки на ЕУ.

Според Комисијата, од почетокот на војната во 2011 година, ЕУ и нејзините земји-членки донирале 27,4 милијарди евра за хуманитарна помош за Сирија и регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.