Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел бил принуден да се префрли во засолниште за време на посетата на Одеса поради ракетен напад на руските сили, јави германската новинска агенција ДПА.
Мишел и украинскиот премиер Денис Шмигаљ морале на одредено време да ги прекинат разговорите и да заминат во засолниште поради гранатирање на тој регион.
Мишел ја посети Одеса за лично да се увери во влијанието на руската војна врз глобалните синџири на снабдување.
Украинската армија претходно денеска објави дека четири високопрецизни ракети Оникс биле истрелани кон Одеса од полуостровот Крим, што е под руска контрола.