НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монденски летувалишта го менуваат ликот на Црна Гора

0
By Нова ТВ on August 31, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во времето кога Република Македонија го доби кандидатскиот статус, во 2005 година, Црна Гора сѐ уште не беше самостојна држава. Девет години подоцна, со започнати преговори за членство во заедницата на европските народи, со странски инвестиции мерени со милијарди евра, за разлика од нашата држава, Црна Гора силно чекори кон ЕУ.

Одличната географска местоположба, Јадранското море и брегот долг 295 км, од кои 72 км се песочни плажи, како и создавањето поволни услови за влез на странскиот капитал, резултираат со огромни инвестиции во црногорскиот туризам чиј краен ефект може само да се претпостави.

Тиват предводник на туристичкиот препород

Ако само до пред 4-5 години Тиват важеше за едно од најнеугледните и најмонотоните места за летување во Црна Гора, денес ситуацијата е комплетно променета.

Канадскиот бизнисмен Питер Манк беше првиот кој „повлече нога“ и кој капиталот на богатите странски инвеститори го насочи во градот вгнезден во срцето на Бока-которскиот залив. На период од 90 години, Манк го закупи просторот на кој се наоѓаше некогашното воено бродоградилиште „Арсенал“, каде во моментов во завршна фаза на изградба се наоѓа ексклузивната населба „Порто Монтенегро“.

600 луксузни апартмани, марина со везови за 630 јахти од кои 130 за таканаречените „супер јахти“ чија должина е поголема од 100 метра, базенот „Лидо Мар“ кого популарниот американски интернет портал „San Francisco Globe“ го стави на листата од 28 најубави базени во светот, како и неизбежните терени за голф, се само дел од ексклузивната понуда на „Порто Монтенегро“.

Неофицијалните бројки велат дека во проектот досега се инвестирани околу 300 милиони долари. Со оглед на тоа што неговата изградба сѐ уште трае и што, во меѓувреме, во бизнисот на Манк му се придружија рускиот олигарх Олег Дерипаска и еден од наследниците на банкарската империја Ротшилд, Натаниел Џејмс Ротшилд, за очекување е дека инвестицијата тука нема да запре.

Англиската компанија „Boka Group“, пак, наскоро ќе ја почне изградбата на проектот „Тиват Стар град“. Во класичен архитектонски стил кој со векови е карактеристичен за ова подрачје, ќе се градат станбени единици и деловни објекти кои по пристапни цени ќе бидат наменети за домашниот пазар.

Според инвеститорот, најзастапен градежен материјал во изградбата на стариот град ќе биде каменот, додека пак средновековните фасади ќе бидат задолжителен декор на хотелите и градската саат-кула. Проектот „тежи“ 450 милиони евра и гарантира 1.000 нови работни места.

Милијарда фунти за „Lustica Bay“

Најголемата инвестиција не само во Општина Тиват, туку и многу пошироко, ќе биде проектот наречен „Lustica Bay“, односно „Заливот Луштица“, чија комплетна реализација чини една милијарда фунти!

Имплементацијата на проектот практично започна во 2009 година, со формирањето на мешовитата компанија „Lustica Development AD“. 10% од акциите во компанијата ѝ припаѓаат на Владата на Црна Гора, додека останатите 90% се сопственост на египетската компанија „Orascom Development“, односно на најбогатото египетско семејство Савирис.

„Lustica Bay“ ќе се гради во идиличниот залив Траште, кој се наоѓа во непосредна близина на историски значајното село Радовиќи. Проектот ќе опфаќа вкупна површина од 690 хектари, но во насока на заштита на природните реткости на полуостровот Луштица, градежните работи ќе се одвиваат само на 6% од таа површина.

Овој мега проект ќе се состои од 275 резиденцијални вили, 271 куќа, 1.158 станбени единици, 8 хотели со 1.260 соби и апартмани, 2 марини со везови за јахти и едрилици до 50 метра, елитен голф терен со 18 дупки кој ќе функционира преку целата година, конференциски центар, како и многубројни содржини за секојдневните потреби: основно училиште, пошта, музеј, библиотека, здравствена клиника, полициска станица, гранична служба, жичара, продавници и ресторани.

Во Херцег Нови ќе никне „Порто Нови“

На платото на некогашната касарна на Војската на Југославија во Кумбор, предградие на Херцег Нови, започна изградбата на „Порто Нови“, инвестиција вредна 500 милиони евра. Главен инвеститор е „Azmont investments“, кој е составен дел на нафтената компанија „SOCAR“ од Азербејџан.

„Порто Нови“ ќе го сочинуваат 550 резиденцијални единици, комерцијален простор за 250 ресторани и продавници, луксузен хотел со 120 соби, марина со 250 везови за мега-јахти, 1.200 паркинг места, придружни објекти, како и најголемиот пазар за риби и здрава храна во Црна Гора. Површината на која тој ќе се протега, е речиси идентична со површината на стариот град во Дубровник.

Најголемиот дел од работите треба да бидат завршени до мај 2016 година, а во изградбата на планираните објекти ќе бидат вклучени околу 6.000 работници од Црна Гора и регионот.

Се разбира, градежната експанзија ја зафати и Будва, каде се градат луксузни станбени комплекси како „Завала“ и „Астра Монтенегро“. Намера да гради хотел и неколку висококатници на земјиште кое се наоѓа во нејзина сопственост, има дури и Црногорско-приморската митрополија.

Хотели и згради никнуваат и во Петровац, во Бар, а во Колашин „Boka Group“ ќе гради престижен скијачки центар.

Митовите и легендите – мамец за странските туристи

Во Црна Гора има места кои никогаш не се менуваат. Едно од нив е и туристичкиот бисер Пераст, единственото населено место кое покрај Котор, никогаш не потпаднало под турска власт.

Денес во Пераст живеат околу 230 жители и во него има 22 цркви. Туристите намерници низ Пераст можат да се движат само пеш или со изнајмен велосипед, бидејќи тука возењето автомобили е строго забрането.

Вистинска туристичка атракција претставува единствениот вештачки остров во Црна Гора, „Госпа од шкрпеља“. Приказната за настанувањето на островот кој постојано расте, а кој настанал од една единствена карпа на која во 1452 година двајца рибари, браќата Мортичиќ, ја пронашле иконата на Богородица, го привлекува вниманието на странските туристи кои тука секојдневно доаѓаат во огромен број.

Длабоко врежана во меморијата на секој посетител останува и приказната за несреќната судбина на Јацинта Мијовиќ-Куниќ. Чекајќи го својот сопруг, морнар, да се врати во Пераст, цели 25 години Јацинта го везела гобленот со ликот на Богородица, кој е потполно идентичен на ликот од иконата пронајдена на местото на денешниот остров.

Правејќи неверојатни 700 убоди на еден квадратен сантиметар, гобленот го завршила во 1818 година. На извезениот лик јасно се видливи трагите на стареењето на Јацинта. Нејзината некогаш плава коса со тек на време ги губела сјајот и бојата, што се гледа на иконата, бидејќи косата на Богородица Јацинта ја везела со влакна од својата коса. Сопругот не го дочекала, а гобленот денес се наоѓа во црквата на островот „Госпа од шкрпеља“, односно „Богородица од карпата“.

Спомените на СФРЈ во функција на туризмот

Кумбор, предградието на Херцег Нови и местото на кое за две години ќе никне „Порто Нови“, за време на некогашната СФРЈ било стратешка база на Југословенската воена морнарица.

Крстарењето со брод низ Бока-которскиот залив дава одлична можност одблиску да се погледаат некогашните фортификациски објекти, на кои забот на времето оставил видливи траги. Најголемо внимание привлекуваат трите тунели, од кои најголемиот е со должина од 60 метра, кои претставувале засолниште за подморниците на некогаш моќната армија.

Тука ја завршуваме туристичката разгледница за најмалата Република во некогашната Југославија. А за симболот на Црна Гора, Свети Стефан, за Милочер и Росе, каде се наоѓа хациендата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков, но и за останатите посакувани туристички дестинации, во друга прилика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.