Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потпиша сигурносни декларации со лидерите на Финска и на Шведска поради зголемените тензии во регионот.
Со Декларациите ќе се „засили одбранбената и безбедносна соработка меѓу Обединетото Кралство и двете скандинавски земји, ќе се интензивира размената на разузнувачки информации, ќе се забрза заедничката воена обука, вежби и распоредување и ќе се засили сигурноста во трите земји“, порача Џонсон.