Северна Кореја официјално информираше за прв случај на коронавирус, објавија денеска државни медиуми, јави агенцијата ДПА.
Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон. Точниот број на лица со позитивен тест на ковид-19 не е соопштен.
Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата на „максимално“ „и строго да ја контролира и командува севкупната работа за превенција на епидемијата во земјата“, пишуваат медиумите.
Земјата досега не достави податоци за ниту една коронавирусна инфекција до Светската здравствена организација во Женева.
На состанок на централниот комитет на Работничката партија, лидерот Ким Џонг Ун притисна официјални лица да ја совладаат, како што тој ја нарече, „неочекуваната криза“.