НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот Сенат го отфрли предлог законот за абортус

0
By Sashko on May 12, 2022 СВЕТ
Фото: express.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Сенат го отфрли предлог законот со кој правото на абортус, заштитено со пресуда на Врховниот суд во случајот „Роу против Вејд“, ќе го претвори во федерален закон.

„Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастеринг“, односно право на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска одлука и ограничувањата на законодавната гранка на власта“, пренесе „Гласот на Америка“.

Тоа беше обид да се зачува, речиси, 50-годишната судска одлука со која се прогласува уставното право на абортус, што сега е во сериозна опасност да биде поништено во Врховниот суд од страна на конзервативното мнозинство.

Неколку десетици демократи од Претставничкиот дом, главно жени, пред гласањето маршираа од Претставничкиот дом до Сенатот, извикувајќи: „Моето тело, моја одлука“.

Тие потоа влегоа во салата на Сенатот и мирно седеа на местата за публика додека сенаторите дебатираа за правото на абортус.

Во септември минатата година, Претставничкиот дом гласаше со 218 „за“ и 211 „за“ за да се усвои нацрт-законот за правото на абортус речиси идентичен со законот за Сенатот.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да донесе закон со кој би се заштитиле услугите за абортус за милиони Американки. Меѓутоа, тесното мнозинство на неговата партија не беше доволно за да се надмине републиканскиот филибастеринг (правило кое бара мнозинство во Сенатот од 60 гласови за да се заврши дебатата за повеќето прашања и да се премине на гласање).

„Републиканците со децении работат на именување конзервативни судии во Врховниот суд и поништување на пресудата на „Роу против Вејд“, потсетува „Гласот на Америка“.

Сите 50 републиканци гласаа за блокирање на гласањето за законот, а ним им се придружи и еден демократ, сенаторот Џо Менчин.

Конгресот со години се бори со политиките за абортус, но вчерашното гласање за нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом доби нова итност откако нацрт-мислењето на Врховниот суд покажа дека мнозинството судии сакаат да ја поништат пресудата „Роу против Вејд“, з акоја многумина милсат дека претставува закон сам по себе.

Врховниот суд својата конечна одлука ќе ја соопшти во текот на летото, а извесно е дека нејзиниот ефект ќе се почувствува низ целата земја и во предизборната кампања која ќе утврди која партија го контролира Конгресот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.