Шерпаска од Непал го собори сопствениот рекорд како најуспешна жена планинарка која се искачила на Монт Еверест. Четириесет и осумгодишната Непалка денеска по десетти пат се искачи на највисокиот врв на светот.
„Лакпа Шерпа со уште неколку алпинисти го искористија поволното време и рано утринава се искачија на врвот на надморска височина 8,849 метри“, како што изјави нејзиниот брат и организатор на експедицијата, Мингмпа Гелу, за тамошните медиуми.
Иако по потекло од Непал, Лакпа живее со своите три деца во Западен Хартфорд, Конектикат, САД.
Друг Непалец, Ками Рита во саботата по 26. пат се искачи на Монт Еверест, исто така соборувајќи го својот светски рекорд.