Паѓа продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар. Минатата година потрошувачката била намалена за 3,76%, Односно, во земјава се потрошиле вкупно 777.133 тони нафтени деривати, а во 2012 година биле потрошени 806.489 тона.
Граѓаните најмногу трошеле дизел горива, велат податоците на нафтените компании, односно на дизел горивата учествувале со 53,24%, од вкупната потрошувачка на нафтени деривати. Мазутот со 15,72% и безоловните бензини учевствувале со 15% од вкупната потрошувачка.
Податоци говорат дека во државата има околу 270 бензински пумпни станици. Макпетрол е сè уште доминантно претпријатие во делот на малопродажбата со 124 бензински станици.
Следат Лукоил со 24 бензински станици, ОКТА со 23 бензински станици, а останатите се во приватна сопственост на други помали фирми.