НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На кого му треба НАТО? На сите нас

0
By Нова ТВ on September 4, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: ИВО Х. ДАЛДЕР , поранешен амбасадор на САД во НАТО

Брисел —  Дали Атлантската алијанса ја надживеа својата употребливост? Британскиот новинар и историчар Џефри Веткрофт го покрена тоа прашање во својата статија објавена во четвртокот, коментирајќи на говорот на Роберт Гејтс во Брисел минатата недела, во кој државниот секретар за одбрана на САД, кој е во заминување, ги обвини другите членови на Атлантската алијанса поради неупотребувањето на нивната финансиска и политичка моќ. Иво Х. Далдер, постојаниот претставник на САД во НАТО, се приклучи на дебатата.

„На кого му треба НАТО?” прашува Џефри Веткрофт. Добро прашање, со едноставен одговор: На сите нас.

НАТО е, според претседателот Обама, „најуспешниот сојуз во човечката историја.”

За време на првите 40 години од неговото постоење, ја однесе победата во Студената војна. Во наредните 20 години, обезбеди траен мир во Европа — со тоа што им посака добредојде на 12 нови членки преку процесот на проширување, кој е толку исмеван од г. Веткрофт. И денес, како што соопштија неговите 28 лидери во Лисабон, “сојузот останува суштински извор на стабилност во непредвидливиот свет.”

Денес, повеќе од 150,000 војници учествуваат во шест НАТО операции на три континенти.
Во Авганистан, силите предводени од НАТО составени од војници од 48 нации помагаат во изградбата на безбедност и сигурност, така што никој од нас нема повторно да биде под закана од терористите обучени во безбедните засолништа во таа воено разурната земја.

Во Либија, 17 сојузници и држави партнери ја презедоа новата одговорност за помош на либискиот народ во креирањето на сопствената иднина, со операција која ги спречува незаконските текови на оружје по воздух и море, ја надгледува забранетата зона за летање и ги заштитува цивилите во Либија од нападите на бруталниот режим на Моамер ел Гадафи.

Во исто време, НАТО се спротивставува на злобата на пиратите на брегот на Африка, и спроведува контра терористички активности на Медитеранот. Исто така, НАТО ги обучува ирачките безбедносни сили и ја продолжува својата долготрајна посветеност за стабилизација на Балканот.

Денешното НАТО е сојуз кој е ангажиран повеќе од кога било, алијанса која соработува со повеќе партнери од кога било, алијанса која им е потребна на луѓето повеќе од кога билo.
Причините се јасни. Живееме во свет на комплексни и непредвидливи предизвици и закани за безбедноста.

Во овој свет, локалното стана глобално.Сајбер нападите ги менуваат временските зони во наносекунди – наштетувајќи им на банкарските операции, владините активности, дури и на тинејџерските забавни игри. Оружјата за масовно уништување и начините за нивна изработка и доставување се шират длабоко и на далеку. Нестабилноста во далечните земји им овозможува на транснационалните терористички групи да најдат засолништа и да започнат напади близу до дома.

Во еден таков свет, потребни ни се цврсти сојузи и партнерства — а никој не е посилен и попотребен од денешното НАТО. Затоа е толку важно сите членки на сојузот да инвестираат и да ја стекнат способноста за одбрана, потребна за да ја оствариме нашата заедничка одговорност.

Како што државниот секретар Роберт Гејтс кажа за време на неговата посета во Брисел минатата недела, за таа цел треба да се направат сериозни напори за заштита на буџетите за одбрана, координирање на одлуките за набавки и понатамошно следење на нашите обврски и должности кон НАТО и меѓу нас.

Тоа не води назад до прашањето поставено од г. Виткрофт. Иако Студената војна дефинитивно е завршена, сеуште имаме потреба од НАТО.

Само запрашајте ги жителите на Либија и Авганистан, и луѓето во Европа и западна Америка, кои се меѓу стотиците милиони што се потпираат на НАТО во однос на обезбедувањето на мир во сегашноста — и подобра иднина.

(текстот е објавен во „Њујорк тајмс“)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.