Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион. Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, во САД имаше вкупно 900.000 починати од коронавирусот.
Просечната смртност од коронавирус во САД на дневна основа во моментот е околу 300, додека за време на пикот во јануари во 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи во период од 24 часа.
Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.