Муралите на Борко Лазески кои изгореа во пожарот во „Македонски пошти“ не можат да се реставрираат.
Извештјот на конзерваторскиот центар најверојатно ќе укаже дека муралот од современата уметност насликан во техника акрил, е комплетно уништен.
-Првично може да кажам дека состојбата во која е делото е исклучително лоша, муралот е сосема јагленисан, изјави за Нова тв, Ема Петрова, директорка на Конзерваторскиот центар.
Конзерваторите веќе направиле увид и утврдиле дека високата температура ги јуништила делата и тие не можат да се обноват.
Семејството на Лазески ги чува оргиналните скици, па од Конзерваторскиот центар не ја исклучуваат можноста од обновување на делото.
Изгорениот мурал на Борко Лазески не бил осигуран