Евакуацијата на украинските борци од нивното последно упориште во Мариупол означува крај на повеќемесечната крвава битка за јужниот пристаништен град во Украина во која се загубени бројни животи на цивили и војници.
Evakuacija ranjenika iz Azovstala
Izvor: Telegram kanal Gradskog vijeće MariupoljaViše informacija – https://t.co/qIkPg8nq99 pic.twitter.com/wIYTJ7PnMq
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) May 17, 2022
„Во Азовстал во тек е хуманитарна акција. Според зборовите на Ирина Верешчук, вчера се евакуирани 52 тешко ранети војници со цел да бидат спасени нивните животи. По стабилизирање на нивната состојба, се очекува нивна размена за руски воени заробеници“, објави Градскиот совет на Мариупол на Телеграм.
Русија би требала да разгледа смртна казна
Рускиот претставник кој учествува во мировните преговори со Украина, Леонид Слутски рече дека неговата земја треба да ја разгледа можноста за смртна казна за националистичките борци од украинскиот баталјон Азов, пишува „Скај њуз“.
Во расправата во долниот дом на рускиот парламент, откако бранителите од челичарницата Азовстал се предадоа, Слутски рече дека, иако Русија има мораториум на смртната казна, сепак, треба „внимателно да се размисли таа опција за борците на Азов.
„Тие не заслужуваат да живеат по монструозните злосторства против човештвото што ги сторија и што континуирано ги прават врз нашите заробеници“, рече тој.
Заменичката на украинската министерка за одбрана, Хана Малиар рече дека дел од повредените борци се префрлени во болницата во градот Новоазовск кој е под руска контрола.
Уште 211 лица се пренесени во болницата во Оленивка, град кој го контролираат проруските сепаратисти. Сите евакуирани, како што рече, ќе бидат подложени на процедура за размена.
Челичарницата Азовстал беше последна точка за одбрана на Мариупол во која војници и цивили престојуваа без храна и вода и во нехумани услови.
Одбраната на челичарницата Азовстал, која беше изложена на интензивно руско гранатирање и бомбардиарње, стана симбол на украинскиот отпор.
Голем дел од Мариупол е под урнатини. Локални официјални лица велат дека се убиени десетици илјади луѓе, а бројни тела сè уште се наоѓаат под урнатините на уништените згради.